Социјалните служби реагирале: Северина доби опомена поради детето

 

Наспроти тоа што Милан Поповиќ се протви на тоа што неговиот син Александар се буди со момчето на Северина, Игор Којиќ и дека негови фотографии прикачува на социјалните мрежи, Северина пред настапот во Словенија поставила фотографија на која еден од коментарите открил кој го чува Александар додека таа настапува.

- Севе сега ти го видовме момчето, се шета со детето, напишала Ивана Милас Клариќ од Центарот за социјална работа во Загреб, која за дневник.хр прокоментирала дека Северина ги загрозува правата на својот син.

Објавувањео на фотографии од детето на социјалните мрежи во одредени околности може да биде загрозување на детето, што може да го изложи на потенцијални опасности, па родителите за тоа мораат да водат сметка. Правилата не им забрануваат на родителите да објавуваат фотографии од децата, но тие се должни да ги заштитат интересите на децата од сите аспекти. За жал, многу родители секојдневно на социјалните мрежи споделуваат секакви податоци за себе и децата на поширок круг на непознати луѓе, што упатува на непознавање или занемарување на заштита на приватноста и заштита на правата на децата воопшто, рекла Милас Клариќ.

Сличен одговор имало и од српскиот Центар за социјална работа.

Градскиот центар за социјална работа е задолжен да го почитува правото на приватност и има законска обврска да се ангажира доколку постои пријава или сомнение дека на детето му се загрозени здравјето, безбедноста и развојот.

ИЗВОР: ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

04.08.2015 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега