Поранешниот на Северина распали по пејачката - приказната стигна до премиерот

 

Поранешното момче на Северина, Милан Поповиќ, со кој го има синот Александар, се огласи за односот на пејчката кон детето.

Милан се пожалил на хрватскиот премиер Зоран Милановиќ за односот на неговата поранешна девојка Северина, кон тригодишниот син Александар, бидејќи според него таа не го почитува правото на заедничка родителска грижа.

„Северина Вучковиќ, сака да си обезбеди постојано медиумско внимание користејќи го нашиот син Александар, кој има само три години“, вели Поповиќ, пренесуваат српските медиуми.

Според него, тригодишното детенце живее во ријалити, каде непознати луѓе постојано го следат и коментираат за него.

Инаку Северина ужива во љубовта со Игор, со кој постојано објавува фотографии, а често друштво им прави и Александар.

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега