Полош од алкохол и цигари: Францускиот бакнеж предизвикува рак на грло?

 

Бакнувањето стана водечки причинител на рак на грлото, тврдат научниците.

Изгледа дека ни цигарите ни алкохолот веќе не се главни причинители на ракот на грло, туку таа улога ја превзема „францускиот бакнеж“.

Имено, со бакнежот се пренесува ХПВ вирус кој е причинител на ракот на грло кај дури 70 проценти од пациентите.

Иако многумина го поврзуваат ХПВ вирусот само со канцер на грлото на матката, овој тип на вирус може да ги нападне и мажите и жените.

Вирусот од интимните во оралните делови може да се пренесе со орален секс, а потоа со бакнеж се пренесува понатаму.

Докторот Махибан Томас тврди дека се многу поголеми шансите луѓето кои имаат ХПВ вирус да заболат од рак отколку оние кои го немаат.

- Доколку го имате вирусот шансите се 250 проценти поголеми да добиете канцер на грло, тврди Томас.

Докторите велат дека ризикот од добивање на ХПВ вирус е поголем кај оние луѓе кои се бакнувале или иламе сексуални односи со повеќе партнери.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.07.2015 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега