Нема да верувате кој го направил првиот сладолед на стапче

Година 1905, единаесетгодишниот Френк Иперсон од Сан Франциско во Калифорнија го измисли популарниот сладолед на стапче.
Меѓутоа, до тоа дошло сосема случајно. Според наводите на компанијата „Попсикл“, една студена вечер Френ оставл мешавина од сода вода и ароматичен прашак со стапче за мешање во неа на верандата. Поради ладното време, кога се разбудил следното утро, смесата била замрзната. Седумнаесет години подоцна, во 1922 година, Иперсон ги служел своите ледени лижалки на бал на пожарникари, каде го привлекле вниманието на сите посетители.
Година дена подоцна, го претставил ледениот сладолед на стапче на публиката на плажата Нептун во забавниот парк во Аламеди. И таму постигнал голем успех. Набрзо поднел барање за патентирање и добил патент за својот „замрзнат кондиторски производ“ во 1924 година, а го нарекол „Епсикл ајс поп“. По тоа започнал со производство на различни овошни вкусови на стапчиња од бреза.
Иперсон и неговите партнери направиле договор со корпорацијата „Попсикл“, но во 1925 година тој го продал својот патент на компанијата „Џо Лоу“ од Њујорк. Во тоа време Иперсон банкротирал и морал да го ликвидира целиот свој имот.
Компанијата „Џо Лоу“ го издигнала брендот кој станал многу популарен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









