Уште едно засилување во РК Вардар
Ракометниот клуб Вардар донесе уште едно засилување и во следните три сезони дресот на „црвено-црните“ ќе го носи Мијајло Марсениќ. Српскиот ракометар е репрезентатвец на својата држава и треба да го замени Михаил Чипурин, кому договорот со Вардар му заврши.
Марсениќ има 22 години и висок е 202 сантриметри и игра на позицијата пикер. Тој доаѓа од екипата на белградски Партизан, а има настапувано и во Металург и во Беране.
Со овој трансфер РК Вардар добива квалитетно засилување на пикерската позиција, а од голема важност е што играчот може подеднакво добро да игра и во напад и во одбрана.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа