Терористичкиот напад во Куманово топ тема во Франција

Вооружениот инцидент во Куманово се најде на насловните страници и во ударните вести на француските медиуми, пренесува дописникот на МИА од Париз.
„Жива затегнатост во Македонија“, објавува на насловната страница еден од најчитаните регионални весници „Л’ест Републикан“, осврнувајќи се на ситуацијата во Македонија, која според него беше сатабилизирана.
Париски „Ле Монд“ на внатрешните страници се обидува да ја анализира ситуацијата под насловот „Жестоки судири во Македонија“ - во борбите меѓу силите на редот и неидентификувана теророистичка група загинаа 22 лица. Билансот од судирите е тежок: осум загинати кај силите на редот и 37 ранети, 14 напаѓачи убиени. Парискиот угледен весник притоа пренесува дека одговорноста за судирот со силите на редот ја презела УЧК, но тоа не било потврдена.
„Фигаро“ и „Либерасион“ пишуваат дека НАТО и ЕУ се загрижени по последните настани во Куманово, притоа скоро сите медиуми ги пренесуваат агнециските вести или извештаите на нивните дописници од регионот за текот на судирот.
Европскиот телевизиски канал „Евроњуз“, донесува и сведоштва на кумановци кои искажуваат сомневање во официјалната везрија на настанот.
Инаку во речиси сите медиуми се нагласува дека Македонија веќе десет години чека да започне преговори за членство во Европската унија и дека последната криза во Куманово доаѓа во контекст на постоечката политичка криза со аферите Пуч и прислушување
ФОТО. Вечер
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








