СДСМ со очајна тактика добар протестант-лош протестант

 

Откако јавноста ги осуди насилствата кои ги применува СДСМ врз полицијата и државниот имот, СДСМ се обиде со очаен обид да „испере“ дел од одговорноста која постои  кај нив. Јасно забележлив е обидот на вчерашните протести со тактиката добар протестант-лош протестант со обид да се скрие дел од срамот.

СДСМ и медиумите на СОРОС се обидоа да фингираат дека една група демонстранти ја напаѓа полиција, а друга не се согласува со тоа. Во ваквото смислено сценарио актерите се две групи од членовите и активисти на СДСМ. Групата напаѓачи под директна контрола на Саша Богдановиќ кој и самиот има неколку прекршочни пријави и е познат насилник, а втора група која демек не се согласува со ваквите насилства во која најголем дел се членови и активисти на невладините организации на СОРОС кои се забележуваат на сите протести.

Поранешниот генерален секретар на СДММ Михаел Младеноски во емисијата „Јади Бурек“ кај Јанко Илковски истакна дека ова е едно сценарио кое се подготвува со добро спремени фази на движење во овој процес.

-Јас бев нападнат од структура на СДСМ, од Командант Коки којшто мене ме нападна за да ме спречи во изјавување на мојата политичка мисла. Во моментов СДСМ има активирано група на насилници од навивачките групи, односно од навивачката група на Работнички. Не цела група, меѓутоа дел од таа група кои се директно вработени во Општина Центар по доаѓањето на Андреј Жерновски на власт, кои се под директива на Саша Богдановиќ којшто е претседател на организацијата на СДСМ во Центар кој и самиот има учествувано во нарушувања на јавниот ред и мир. -Кога некој доаѓа на протест кој е мирен, а случајно ескалира, тоа не постои. Тие беа дојдени со навивачки бакљи, пиротехнички средства со кои беше гаѓана полицијата, тоа е напад на државата со пиротехнички средства. Беа употребени шипки, носеа фантомки маски коишто ги користат хулигани. Значи тоа е организирано сценарио, тие се дојдени со цел, вели Младеновски.

Тој додава дека насилната група е контролирана од Саша Богдановиќ, директор на Паркинзи на Општина Центар.

- Тој е во директна спрега со навивачите и со политиката. Навивачите на Работнички, групата која се нарекува Сити парк бојс, односно дел од таа група којашто е врбувана политички да ги прави овие проблеми во Македонија и СДСМ со финансиска поддршка со вработување на дел од нив во Општина Центар, возат службени коли на Општина Центар. Истите тие ги организираат овие протести. На самите социјални мрежи на своите Фејсбук страници тие јавно објавуваат. Саша Богдановиќ има објавено клип од 5 октомври во Србија рушењето на Милошевиќ со напис дека ова се ближи и во Република Македонија, дека стаповите се спремни и така натаму. Тоа е директно атакирање на државата, јавен повик од функционер на СДСМ, а воедно и државен функционер на општина Центар, којшто повикува насилно да се рушат легитимно избрани институции во Република Македонија, а јас не можам тоа да не го осудам или да го премолчам како граѓанин на оваа држава. Околу аспект на тоа околу легитимноста што се збори мислам дека секој човек на слободен начин се гласа, а самите партии си имаат систем преку кој, нормално, си лобираат и дејствуваат., додава Младеноски.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега