Протестанти со криминални досиеја во Скопје, со ножеви во Битола

Осум дена притвор им е одреден на четворицата насилници кои беа приведени за време на насилните протести пред Владата. Информациите говорат дека во тек се разговори со две лица од протестите во Битола, додека кај едно лице е пронајден нож за што му е издаден платен налог.
Насилните протести резултира со 38 повредени полицајци, а помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски денес информираше дека кривични пријави им се поднесени на 9 лица, на 17 лица им се издадени платни налози и поднесени им се прекршочни пријави, а на две лица од вчерашните протести им се поднесени прекршочни пријави.
-Двајца од четворицата кои што досега се идентификувани и се претходно добро познати на полицијата, против првоосомничениот досега во 40 наврати се поднесувани разни кривични пријави поврзани со тешки кривични дела од областа на насилниот криминал, поднесувани му се кривични пријави за убиство во обид, голем број на кривични пријави за насилства, за нанесување на тешки телесни повреди и низа други тешки дела. Другото лице кое што и е претходно познато на полицијата исто така е пријавувано во неколку наврати, но поднесувани му се и 30 прекршочни пријави по Закон за прекршоци против јавниот ред и мир, односно учествувал во голем дел на нарушувања во јавниот ред и мир, истакна Котевски.
Реакции да се престане со нападите врз полицијата која професионално си ја извршува задачата, а која за време на протстите од хулиганите и насилниците на СДСМ беа удирани со камења, бекатон плочки, шишиња, шипки и други тврди предмети, вчера пристигна од Македонскиот полициски синдикат.
Дека насилството не е добро, денес вели и претседателот на Здружението на бранитњли од конфликтот во 2001, Владо Стојановски според кој ваквите состојби треба да завршат, за да не дојде до моментот уште повеќе мајки да бидат завиени во црно.
-Гледано како се случуваат денешните состојби, гледано пред завчера и вчера вечерта што се случува и во иднина јас сметам дека има оваа власт капацитет да седнат и да преговараат бидејќи овие мајки овдека 14 години се завиткани во црнило и не сакаме повеќе да има такво нешто. Апел за тоа испраќаат сите родители, сите мајки, сопруги, истакна Стојановски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









