Стандардните протестанти на СДСМ си играат со трагична судбина и се обидуваат да предизвикаат инцидент пред Владата

 

Попладнево група граѓани излегоа на протест пред македонската Влада.

Дел од граѓаните кои што протестираат пред Владата за случајот Мартин Нешковски ја турнале оградата пред Владата и успеале да влезат во дворот на владината зграда во Скопје. Стотина луѓе, главно млади, стојат пред полицијата, обидувајќи да направат тензии. Тие фрлаат со камења, шишиња и јајца по владината зграда.

На протестот можат да се забележат добро познатите лица кои протестираат за се и сешто. Тие се предводници на сите досегашни протести под закрилата на СДСМ. Во првите редови и на овој, како и на голем број други протести, повторно се застанати главните медиумски пера диктирани од Бихаќка кои во најголема мера се директни поттикнувачи на овој протест.

Останатите присутни на протестот стојат настрана, изразувајќи го револтот поради креираните разговори кои СДСМ денеска ги објави, во врска со смртта на Мартин Нешковски. Лидерот Зоран Заев рече дека убиецот на Мартин Нешковски за време на прославата на победата на ВМРО – ДПМНЕ бил на службена должност, наспроти тврдењата на власта дека приватно бил на местото. Во разгворите се слуша дека никој не дал писмена наредба за Игор Спасов да обезбедува во Скопје.

По пресот на Заев, министерката за внатрешни работи излезе на прес-конференција на која појасни дека министерството по добивањето на информациите постапило согласно законот.

-Прво, не можевме да делуваме бидејќи немавме пријава. Второ, веднаш кога ја добивме пријавата започнавме со проверка на случајот. Трето кога ја добивме информацијата ги употребивме сите расположливи капацитети за да го пронајдеме убиецот и четврто, беше откриен сторителот и беа собрани докази, а против лицето беше процесуирана кривична пријава, а подоцна беше и осуден за делото кое го сторил-рече министерката Јанкулоска.

Убиецот на Нешковски е во затвор, осуден за делото кое го направил. Но, и покрај тоа, лидерот на СДСМ денеска направи обид да предизвика гнев кај луѓето за случај за кој сорителот е изнесен пред лицето на правдата и осуден за делото. Дали е ова дел од сценариото кое го подготвува лидерот на СДСМ?!

 

 

Оцени ја веста

05.05.2015 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега