Детална истрага за експлозијата кај ДУИ

 

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место по вчерашната експлозија пред седиштето на ДУИ во Тетово, пренесе МИА.

Како што соопшти Јавното обвинителство, подигнати се материјални траги од местото и влакна од изгорениот фитил кои се дадени на вештачење.

Надлежниот обвинител го одзедел и ЦД од поставениот видео надзор, што ќе биде предмет на разгледување и анализа.

- Во експлозијата нема човечки жртви, а причинета е минимална материјална штета, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Непозната експлозивна направа била активирана најверојатно со фрлање во близина на седиштето на ДУИ во тетовската приградска населба Мала Речица, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовск, пренесе МИА.

Вo полицијата, детонацијата е пријавена во 21 часот и 50 минути по што екипа на СВР Тетово излегла на терен.

Надлежните органи работат на откривање на мотивите и на сторителот.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега