Полнете ги резервоарите: Ако ставите гориво до полноќ ќе заштедите 150 денари

 

Бензинот и дизелот од полноќ  поскапуваат за 3 денари по литар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според образложението, од полноќ, литар бензин од 95 октани ќе се точи за 72 денари а 98 октанскиот ќе чини 74 денари за еден литар.

За три денари е поскап и дизелот кој од полноќ на бензинските пумпи низ Македонија ќе се точи по цена од 57,5 денари за литар.
За 2,5 денари е поскапо и екстра – лесното масло за домаќинство и неговата цена од полноќ е 46 денари за литар.
Доколку се решите денеска, пред полноќ да ставите гориво во вашиот автомобил, на еден резервоар од 50 литри ќе заштедите 150 денари. Тоа и не мала сума, особено ако возите автомобил кој не троши многу. Доколку вашето возило има дизел мотор,  ќе заштедите околу 2,6 литри нафта. Ако вашата потрошувачка изнесува 5 литри на 100 километри, сте добиле дополнителни 50 километри или можност неколку пати да отидете на работа. 

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега