Груевски: Намалување на невработеноста- клучна цел на Владата

 

Една од клучните цели на Владата на ВМРО - ДПМНЕ е намалување на невработеноста, нагласи премиерот и партиски лидер Никола Груевски на вчерашниот народен собир пред охриѓани.

Во охридскиот регион, според него, бројот на невработени во 2007 година изнесуваше 29.610 лица, а оваа година е намален и изнесува 21.872 лица.

- Од 2007 до сега во Охрид и регионот имаме намалување на невработеноста за 8.000 лица од 29.000 на 21.000, при што само со активните мерки за вработување се вработија 1.500 лица, рече Груевски.

Со проектот за отпис на долгови, информира дека досега се отпишани долгови во висина од 10 милиони денари на 300 семејства. Проектот за бесплатна бања досега го искористиле 2.600 пензионери, од кој само оваа година 400, а со проектот за бесплатен туристички викенд се опфатени над 200 пензионери.

 

 

Оцени ја веста

26.04.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега