Хуманитарен семеен базар „Еднакви можности за сите“

 

Под мотото „Еднакви можности за сите“ денеска  ќе се одржи деветтиот семеен базар во Меѓународното училиште „Нова“. 

Целта е да се соберат средства наменети за Заводот за ментално здравје на деца и младинци (ЗМЗДМ) „Младост“ - Здравствен дом Скопје и за активностите на учениците во училиштето.

Семејствата на учениците од меѓународното училиште „Нова“, нивните гости, припадници на бизнис-заедницата од Македонија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор кои живеат и работат во земјава, на базарот ќе подготвуваат јадења, ќе продаваат сувенири од своите матични држави и ќе донираат подароци за лотаријата.

Овој хуманитарен базар под мотото „Еднакви можности за сите деца“ е организиран од Здружението на родители и наставници при меѓународното училиште „Нова“, со поддршка од учениците, родителите и професорите во оваа образовна институција.

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега