Пешевски: На барање на граѓаните Саса ќе се поврзе со Тораница

 

Вицепремиерот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски денес учествуваше на трибината во Крива Паланка.

Пешевски во Дневникот на Сител истакна дека ќе продолжат со реализирање на својата програма своите проекти, сето она што значи реална политика базирана на решавање на реални проблеми на граѓаните.

-На барање на жителите на Крива Паланка започнува проект најпрво за поврзување на Саса со Тораница, значи еден нов пат, а тука е и слободната економска зона која се наоѓа помеѓу центрите на општините Ранковце и Крива Паланка каде неколку илјади нови работни места ќе се креираат, истакна Пешевски.

Тој потенцираше дека и на граѓаните на Крива Паланка, но и на сите жители на Македонија им кажале дека и покрај тоа што се случува во овој момент во државата, не треба ни најмалку да бидат загрижени за стабилноста, за функционирање на системот и на институциите.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега