Амбасадорот Марковски ги предаде акредитивите на германскиот претседател Гаук

Македонскиот амбасадор во Берлин, Сашо Марковски, на свечена церемонија во претседателската палата во Берлин денеска, официјално ги предаде акредитивните писма на шефот на германската сојузна држава Јоаким Гаук, јави допиосникот на МИА во Берлин.
На церемонијата, која што се одржа во Палатата Белви до знамињата на Германија и Еевропската унија беше подигнато и македонското знаме, а македонскиот амбасадор беше поздравен и од воената гарда на германскиот претседател.
За време на церемонијата германскиот претседател Гаук на кратка протоколарна средба го прими амбсадорот Марковски, на која што вообичаено се разговара за општи теми од интерес за двете земји.
Од заминувањето на амабасадорката Корнелија Утевска - Глигоровска во август минатата годинна, Македонија половина година немаше свој амбасадор во Германија.
Иако, амбасадорот Марковски во Берлин е веќе втор месец, со предавање на акредитивните писма на претседателот на Германија формално започнува неговиот мандат и соработка со германските институции.
Оцени ја веста
24.04.2015 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








