Ставрески: „СДСМ нема да успее без поддршка на народот да дојде на власт“

 

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за финасии Зоран Ставрески на вчерашната трибина одржана во Гостивар истакна дека ваквото однесување на СДСМ не е забележливо за прв пат.

-Низ изминативе години на демократскиот развој на Македонија постојано сме сведоци дека кога и да е СДСМ во опозиција, секогаш прават проблеми и креираат ситуации се со цел на недемократски начин без поддршка на народот да се прибават до власт и да ја пренесат својата сопствена неспособност и проблемите кои ги имаат во својата партија врз државата, нагласи Ставрески.

Тој посочи дека тоа не им успевало тогаш, а нема да има успее ниту сега.

-Ние сме тука за да им кажеме на граѓаните дека треба да бидат мудри, сплотени. Со мудроста и со разумот што го имаат граѓаните да ги погледнат состојбите, да ја оценат ситуацијата и да знаат дека народот е сплотен и сè додека народот стои зад нас, Македонија ќе остане стабилна и безбедна држава, потенцираше министерот Ставрески.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега