Спасов: Ќе отвараме работни места - нема да не спречат мрачните сценарија

 

Диме Спасов, министер за труд и социјална политика, пред гостиварци зборуваше за позитивните ефекти од мерките кои Владата ги спроведува во изминативе години, а со кои се опфатени сите слоеви. Со проектот за еднократен отпис на долговите отпишани се околу една милијарда денари, на 9.500 лица, од кои во Гостивар се над седумстотини.

– Ако со мерките за вработување на млади лица работа најдоа 8 илајди лица, сега сме пред нов предизвик. Со проектот „Македонија вработува“ предвидено е отворање на нови 20 илајди работни места, што ќе значи приходи и сигурност за уште толку семејства, рече Спасов.

Мрачните сценарија и деструктивните обиди, истакна тој, нема да не спречат во реализација на дадениот збор и ветувањата во програмата.

 

Посочи и на новите чекори на Владата со кои социјалната помош наместо ветените пет проценти, во јули ќе биде зголемена за двојно за десет проценти.

Пратеникот Влатко Ѓорчев во неговото обраќање ги поддржа политиките на Владата и како што рече, ја зајакнуваат економијата и носат стабилност.

 

 

Оцени ја веста

23.04.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега