Ставрески: Безбедноста на граѓаните е гарантирана, продолжуваме со проектите

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е со народот и меѓу народот, а овојпат посебно чувствуваме потреба да бидеме тука бидејчи народот има тежина поради актуелната ситуација и сака да ги слушне нашите ставови за актуелната ситуација и нашите пораки за да бидат спокојни мирни и сплотени граѓаните и да не наседнуваат на провокации.
Ова во вестите на Сител телевизија го истакна министерот за финансии и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески, кој ја предводеше трбината во Гостивар.
Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ како и институциите во државата имаат сила за да се справат со сите предизвици и дека не е првпат да бидат ставен пред предизвици било од внатрешни или надворешни сили.
- Граѓаните да знаат дека безбедноста им е загарантирана и дека ќе продолжиме по патот што е зацртан за Р.Македонија, а тоа е да се решаваат вистинските проблеми на грааѓаните, да се обезбедуваат инвестиции и работни места, земјата да биде стабилна а граѓаните мирни и спокојни, рече Ставрески.
Во гостиварскиот регион, рече тој, се реализирани многу прокети, како и на другите граѓани низ Македонија откупување на дворното место за едно евро по квадрат, легализиација на објектите, повисоки пензии и плати, изградба на локална инфраструктура, како и решавање на прашањето за чиста вода за пиење, со пари од буџетот на општина Гостивар.
- Токму тука е и силата на ВМРО-ДПМНЕ во реланите проекти и реалната вистина, з аразлика од виртуелната вистина што сака да ја креира опозицијата и Заев. Граѓаните никого не бираат на база на телефонски разговори или креирани и монтирани и стекнати во една незаконска постапка материјали, ниту пак сакаат да слушаат препукувања помеѓу политичарите. Тие сакаат да ги решаваме нивните проблеми и токму тоа е она што Груевски и екипата на ВМРО-ДПМНЕ го праваше изминатите 9 години. Затоа СДСМ не треба да се прашува зошто ја имаме довербата на граѓаните, ја имаме затоа што многу работиме и решаваме многу нивни проблеми, потенцираше Ставрески во вестите на Сител телевизија, кој доаде дека ќе останат посветени на граѓаните и на решавање на нивните проблеми.
Тој додаде дека тоа не значи дека ги решиле сите проблеми, но дека покажува дека работеле напорно да донесат инвеститори и да отворат нови рабтни места. Тој потсети и дека е најавено отвирање на 2.000 нови работни места во фабрика која ќе се отвори во зоната во Тетово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









