Петровски: Објавување на разговорите од страна на Заев не може да резултира со негово доаѓање на власт

Објавување на таканаречените бомби на Заев не може да резултира со негово доаѓање на власт, смета Филип Петровски.
-Тоа најверојатно ќе резултира со негово заминување во затвор од две причини. Прво, не му дава никој право, законско, да поседува туѓи разговори, а второ објавувањето на туѓи разговори е исто така кривично дело, вели Петровски во Дневник плус на Канал 5.
Петровски вели дека тој се става во позиција на врховен субјект надвор од правниот систем.
-Веројатно затоа сега инсистрираат на политичка разрешница, затоа што тие сметаа дека со тие разговори ќе дојде до немири и себе ќе се самоинсталираат на власт. Сега веќе правниот систем полека се затвора и нив веќе ги фаќа паника. Токму затоа мислам дека ќе ескалираат работите водени директно до Заев, посочи Петровски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









