ВИДЕО: Караулата во Гошинце по терористичкиот напад

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа го заврши увидот во караулата во Гошинце која минатата ноќ беше цел на терористички напад.
За потсетување, 40тина терористи со маски на УЧК вчера околу 2 часот и 30 минути ја нападнале караулата во Гошинце,. Според информациите од полицијата, станува збор за добро вооружена група која комуницирала на албански јазик. Заробиле 4 полициски службеници и им ги врзале рацете со лисици, а едниот полицаец бил и удиран.
Еден од терористите преку преведувач им се обратил: „ Ние сме од УЧК. Пренесете дека ни Ахмети ни Груевски може да ве спаси. Не сакаме охридски договори, никој не смее да дојде. Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава.“ – рекол терористот.
Еден полицаец зел клучеви и ги одврзал колегите и пеш заминале кога слушнале долг рафал од автомат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









