Андонов: Сегашното сценарио е исто како во 2001, но со различни актери

 

Споредувајќи го сценариото кое сега се одвива со она кое се одвиваше 2000-2001 година, уривањето на тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ, со сегашниот обид за уривање на владата на ВМРО-ДПМНЕ се добива еден лош впечаток дека се работи за исто сценарио, со различни актери.

Ова го истакна универзитетскиот професор Оливер Андонов кој во вестите на Канал 5 говореше за денешниот инцидент во караулата кај Гошинце.

-Она што веќе институциите го превземаа е во рамки на законските обврски кои мора да бидат превземени, упатување на дополнителни полициски сили за расчистување на криминалните дејствија кои се случиле, откривање на терористичките групи и враќање на поредокот и суверенитетот на делот од територијата на Република Македонија кој бил запоседнат од терористички групи. Следно што институциите треба да направат е врзано за одржување на јавниот ред и мир, за заштитата на слободите, имотот и животите на граѓаните на Македонија и да се потрудат состојбата безбедносно да биде стабилна и да се откријат виновниците, вели Андонов.

Професорот смета дека нема потреба ниту од паника, ниту од ескалација и меѓуетнички конфликти бидејќи најпрво треба да се види пред се каква е таа група, што работи, кој иницијаторот, но и кои се политичките позадини.

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега