Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за европски и за економски прашања.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на храна е единствена точка на дневниот ред на Комисијата за европски прашања.
Членовите на Комисијата за економски прашања ќе расправаат за Предлог-закон за изменување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се: Предлог-закон за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на данок на додадена вредност и платени обврски кон странски кредитори и странски железнички претпријатија во траен влог во МЖ Транспорт АД Скопје, Предлог-закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки сите во прво читање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









