Заев сака да дојде на власт со агентурна мрежа, со уцени, најавува и крв

- Во Спомендомот АСНОМ во Делчево ВМРО ДПМНЕ вечерва одржа трибина за актуелните состојби во државата.
На трибината говореа градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански, министерот за здравство Никола Тодоров и пратениците Илија Димовски и Антонио Милошовски.
Отворајќи ја трибината градоначалникот Шехтански ги поздрави присутните граѓани и гостите од париското раководство, а потоа направи краток осврт на реализираните проекти од патната и комуналната инфраструктура во Делчево и населените места, со средства од Владата на Република Македонија и од општинскиот буџет.
- Реконструирани се повеќе локални патишта, изградени се десетици улици, детски игралишта, просторно се проширени детската градинка, основните и средното училиште, истакна Шехтански.
Пратеникот Димовски предупреди дека граѓаните се соочени со деструктивните сили од СДСМ, кои сакаат со лаги, клевети, сечени, лепени и монтирани материјали од незаконско прислушкување, да сеат раздор и омраза, да ги спречат реформските процеси, економскиот подем, старнските инвестиции и новите вработувања.
-Се обидуваат да ја преиначат волјата на граѓаните, да дојдат на власт без изборен резултат, рече Димовски и додаде дека разликата меѓу нивниот начин и стил на владеење од оној на владата на чело со Никола Груевски е во тоа што тие даваат нереални ветувања, не држат до дадениот збор, кога се на власт забораваат на граѓаните, на земјоделците, на студентите и учениците.
Според Димовски лидерот на опозицијата Зоран Заев, ни малку не се раликува од неговите претходници, дури и ги надминал со заканите, клеветите.
-За да им се оддолжи за услугите тој најавува спремност за насилство и крвопролевање. Ние нема да дозволиме нарушување на спокојството и мирот во Република Македонија, заради остварување на неговите болни политички амбиции, порача Димовски.
За пратеникот Антонио Милошовски тоа што го прави опозицијата на чело со СДСМ и Зоран Заев, од денеска е со амин и на Бранко Црвенковски, и дека со тоа сакаат да докажат дека народот згрешил што ним не им ја дал довербата.
-Додека тие ја кодошат сопствената и земја, соработуваат со странски служби и креираат судири по национална, верска и етничка поделба меѓу граѓаните, Груевски нуди инвестиции, нуди нови работни места, нуди субвенции за земјоделците, се ангажира за развојот на економијата, истакна Милошовски.
Според него, Заев бомбардира дека нуди слобода и демократија, правда, обвинува за криминал, а заборава дека народот го помни скандалот за „Глобал“ и неговата аболиција.
-Тие велат се залагаат за слобода и демократија. Ако сакааат да разговараат искрено за тоа и за други актуелни теми нека повелат во Собранието на Република Македонија. Таму се разговара и договара јавно и транспарентно и за реформи и за програми и за сите битни прашања за граѓаните и за државните интереси на Македонија, рече Милошоски.
Министерот за здравство Никола Тодоров потсети на пустошот што го направил СДСМ во периодот 1995- 97 кога ја разнебитиле економијата под маска на приватизацијата и кога останале без работа околу 200 илјади работници.
-И вие во Делчево знаете кој ги затвори „Фротирка“, „Пирин“ Конфекцијата „Партизанка“, Килимарницата „Гобленка“ , Кожарницата, ЗИК „Сандански“ и како СДСМ избрка од работа 1.700 работници. Ние реализираме програма и проекти, работејќи правиме и грешки, но го слушаме гласот на народот и правиме корекции, рече Тодоров.
Според Тодоров Заев е човек што сака да дојде на власт со агентурна мрежа, со уцени, најавува и крв. Министерот за здравство ги повика сите партии рационално да размислуваат и постапуваат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








