Димитров: Македонскиот народ е истраен, опозицијата да сфати дека ги изгуби изборите

 

Драматургот Братислав Димитров на денешната трибина на Граѓанското движење на одбрана на Македонија која се одржа во Крива Паланка истака дека крајно време е до опозицијата да се упатат три вистини дека ги изгуби изборите, дека не живееме во еднопартиски систем и дека вербалниот деликт е одамна систимски укинат.

Наспроти тоа, рече тој, за првпат во историјата во театрите се зголемени платите и светски рекорд се двата отворени театри за две години. 

-  Упатуваме порака до светот дека ние сме питом народ. Древна цивлизација и народ кои домаќински гледа на настаните. Наша основна идеја е да се активира свеста дека нашите предци умееле да се изборат за себе и дека народот е силата која дава ветер во едрата на власта, а таква власт ја води нашата држава и истата е избрана на најдемократски начин, рече Димитров.

Тој повика борбата да се води на институционален план. 

 

- Се ќе помине, ќе издржиме. Македонскиот народ е истраен и таков ќе биде како многупати во историјата. Треба да бидеме жестоки,  но принципиелни и чисти во срцата, рече Димтиров.

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега