Пукна најановата бомба на премиерот Груевски

 

Пукна најновата бомба на премиерот Груевски.

Германската компанија Техникал текстил од мај годинава започнува со работа во Технолошко индустриската развојна зона - Штип. Станува збор за инвестиција вредна 12 милиони евра со која е предвидено да се отворат 1000 нови работни места.

Сопстевеникот на компанијата Јанс Вендлер денеска оствари средбата со премиерот Никола Груевски по што со директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо го потпиша договорот за реализација на инвестицијата во Македонија.

Во фабриката ќе се произведува фиберглас за индустрискиот пазар, за градежната, автомобилската, авионската и бродската индустрија.

Вандлер истакна дека сакаат да започнат со работа што е можно побрзо и според планираното фабриката ќе биде отворена за 4 недели.

Тој посочи дека планираат да вработат околу 1000 лица кои ќе биде потребно да имаат искуство воглавно во бизнисот на печатењето. Првите 50 вработени се веќе на обука во нивната фабрика во Словачка, а веднаш бараат и дополнителни 300 до 400 лица за да ги ангажираат во фабриката во Штип.

Истакна дека условите за инвестирање во Македонија се далеку подобри од Абу Даби каде што на почетокот планирале да ја отворат фабриката. Доколку се функционира како што треба најави дека планираат да ја прошират инвестицијата и на производство на алуминиум и пластика, како и други инвестиции од нивни партнери.

Директорот на дирекцијата за ТИРЗ Мизо посочи дека фабриката ќе се простира на 13.000 метри квадратни и ќе го има истиот произвдствен процес како во нивната фабрика во Словачка.

Откако СДСМ најави дека ќе почне со објавување на т.н. бомби, премиерот Груевски најави дека и Владата има свои, но позитивни бомби. Само во последните неколку месеци најавени се огромен број нови странски инвестиции, зголемена е помошта за учениците и студентите преку зголемување на стипендиите и овозможување таблети со тастатура. Во насока на намалување н невработеноста Владата креираше и сет мерки и поволности за работодавачите кои ќе вработат одредени категории на граѓани

 

 

 

 

Оцени ја веста

15.04.2015 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега