Почнува карванот за проектот „Купи куќа купи стан“ - прва дестинација Охрид

Министерството за финансии неделава ќе започне со карван за проектот „Купи куќа, купи стан“. Главна цел на караванот е да се презентираат пред граѓаните можностите и поволностите од проектот со субвенција од Владата да се обезбеди сопствен дом.
Според концептот планирани се презентации од претставници на Министерството за финансии, банки и локални градежни компании во девет поголеми градови низ државата.
Карванот стартува в четврток (16 април), со презентација во општината во Охрид во 17:30 часот и продолжува секој нареден четврток во друг град. Тимовите за презентација на проектот на 23 април ќе бидат во Битола, на 30 април во Прилеп, на 7 мај во Гевгелија, 14 мај во Струмица, 28 мај во Тетово и на 4 јуни во Велес и во Куманово.
Од Министерството за финансии информираат дека карваните низ поголемите градови се поради големиот интерес кај граѓаните за проектот и со оглед на тоа што една третина од одобрените барања се од внатрешноста на државата.
Министерството за финансии минатата недела го додели 500-тото решение од проектот „Купи куќа, купи стан“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









