Метеоролозите не носат добри вести за денешниот ден

По сонцето кое го имавме за велигденските празници, а воедно и продолжениот викенд, времето денеска во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека попладне ќе има услови за облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од 14 до 20 степени.
Во Скопје денеска слично време, сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура до седум, а дневната до 18 степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









