Барселона триумфираше во Загреб

 

Првиот четвртфинален дуел од ракометната Лигата на шампионите го доби Барселона која синоќа оствари победа на гостувањето против ППД Загреб со 25:23 пред 15.200 гледачи во „Загребска Арена“.

Ова беше прв пораз за хрватскиот шампион оваа сезона на домашен терен откако претходно ги победија Кил и ПСЖ.

По изедначениот почеток на натпреварот Барселона решавачката предност ја направи со серија од 5:0 и во 19.минута поведе со 9:5. Оваа предност гостите ја одржуваа се до финишот на натпреварот кога домаќинот ППД Загреб успеа да намали на еден негатива (23:24).

Македонскиот репрезентативец во дресот на Барселона, Кирил Лазаров постигна 5 голови, додека најефикасен на дуелот беше Лука Степанчиќ од ППД Загреб со 9 голови. Кај Барселона Лука Карабатиќ постигна 6 голови, а голманот Даниел Шариќ имаше 13 одбрани како и ударот на домашните со кој спречи изедначување во последната минута.

Утре во Скопје се игра четвртфиналето меѓу Вардар и Киелце, додека за недела се закажани дуелите: ПСЖ – Весперм и ПИК Сегед – Кил.

 

 

Оцени ја веста

10.04.2015 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега