Тодоров до Заев: Никој од нас не ти се плаши!

 

Заев не ти се плашиме, никој од нас не ти се плаши. ВМРО никогаш не се плашело, ВМРО е фундаментот на Македонија, основата на Македонија, ВМРО беше основата на Илинден и на АСНОМ и на комитите и на партизаните, ВМРО не се плашело од многу посилни, а камо ли од Заев. 

Ова синоќа од партиската трибина во Виница на лидерот на СДСМ му го порача министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

-Овој човек зборува за страв, зборува дека ќе ги ослободел луѓето од страв, дека ги повикува да се одважат да се ослободат од стравот. Тоа зборува, а што прави, сее страв и држи во заложништво десетици илјади граѓани, можеби и повеќе, само он знае, граѓани на Република Македонија, буквално држи во заложништво.  За многу граѓани има материјали и сега вика само писни ми, јас ќе те објавам и луѓето викаат да наведнам глава, да си ќутам, ќе ми направи проблем, ќе објави нешто што не сум го направил, ќе монтира, ќе сече, ќе лепи, ќе додава, рече Тодоров.

Тодоров рече дека тој човек говори за слобода, говори за ослободување од страв, а како што гледате, руши гази по слобода, гази по фундаментални права, држи во заложништво луѓе и се заканува, буквално и директно и индиректно со креирани материјали кои што е спремен во секој момент да ги пушти во оптек.

-Бидејќи јас ова го говорам, веројатно тој утре или задутре ќе објави нешто за мене, се води од матрицата ако некој прозбори против, ќе објавам нешто за него. Не треба да се плашиме луѓе, треба отворено да си кажеме, што сака нека прави и да му му порачаме на Заев, Заев не ти се плашиме, никој од нас не ти се плаши. ВМРО никогаш не се плашело, ВМРО е фундаментот на Македонија, основата на Македонија, ВМРО беше основата на Илинден и ан АСНОМ и на комитите и на партизаните, ВМРО не се плашело од многу посилни, а камо ли од Заев, рече Тодоров.  

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 17:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега