Вардар ќе постави видео бим пред СЦ „Јане Сандански“ за следење на натпреварите од ЛШ
Ракометниот клуб Вардар го слушна гласот на своите навивачи и затоа ќе организира групно следење на натпреварите на ЖРК Вардар и на РК Вардар од Лигата на шампионите в сабота. На платото пред СЦ „Јане Сандански" ќе биде поставен видео бим на кој ќе одат директните преноси од средбите Ѓер – ЖРК Вардар (16 часот) и Вардар – Киелце (19 часот).
- Дојдете сите на платото пред СЦ „Јане Сандански", в сабота во 16 часот за да го гледаме на видеобим заедно со ракометарите на Вардар најважниот натпревар на ЖРК Вардар сезонава, реваншот од четвртфиналето во ЛШ против европскиот првак Ѓер. Заедно ќе навиваме за нашите девојки да ја одбранат победата од 24:18 во првиот натпревар од минатата сабота и да се пласираат на Ф4 турнирот во Будимпешта. Забавата ќе продолжи и по натпреварот во Ѓер. Сите кои не успеаја да набават билет за натпреварот меѓу РК Вардар и Кјелце, ќе можат да го проследат на видеобимот и да придонесат за уште пожешка атмосфера, повикуваат од Вардар.
Поради овој настан, главниот влез во салата за оние кои имаат билети ќе биде пуштен во 18 часот, додека страничните влезови ќе бидат отворени во 17 часот и 45 минути.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа