Павел Атман во Вардар?!

 

Весникот „Македонски Спорт“ пишува дека постои голема веројатност од идната сезона дресот на Вардар да го носи поранешниот играч на Металург Павел Атман.

Весникот неофицијално дознава дека поранешниот член на Металург, кој во моментов настапува за Ал Ахли во ОАЕ, ќе им се приклучи на своите репрезентативни соиграчи Тимур Дибиров, Сергеј Горбок, Даниел Шишкарев во „црвено-црниот“ дрес.

Атман во вардаровиот табор ќе дојде како решение на позицијата централен бек, на местото на Немања Прибак, кој се одлучи да замине во редовите на турски Бешикташ, откако раководството на клубот му се заблагодари за соработката.

Павел Атман ќе биде последното засилување по Дејан Манасков, Александар Деревен и Хорхе Македа, кои од следната година ќе ги гледаме како членови на „црвено-црниот“ табор.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега