ВИДЕО: Метар снег на Маврово - еве каде вее низ Македонија во моментов

 

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утринава во 8 часот измерен е речиси еден метар снег во Маврово.

mavrovo-sneg500

 

Снежната покривка во 8 часот изутрина изнесува 91 сантиметар во Маврово, 38 Пожаране, 15 крушево, 9 Дебар, 8 Тетово.

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, во повисоките места од дожд и снег, на планините од снег.

Во моментов на Маврово вее многу слаб снег како и на Попова Шапка.

Врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Поради заладувањето од север, во вечерните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места во западните и северните делови.

Погледнете како изгледаше снежно Маврово вчера

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега