Зима во април: Речиси еден метар снег во Маврово - каде вее во моментов?

 

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека  утринава во 8 часот измерен е речиси еден метар снег во Маврово. Снежната покривка во 8 часот изутрина изнесува 91 сантиметар во Маврово, 38 Пожаране, 15 крушево, 9 Дебар, 8 Тетово.

Во Дебарско од вчера попладне врне снег. Во градот и некои населени места снежната покривка достигна 20 сантиметри, на повисоките до 40, а на планините и повеќе.

Екипи на Македонија пат се постојано на терен, ги расчистуваат делниците кон Маврово, Струга, граничниот премин Блато, патните правци Мелнички Мост - Центар Жупа, кон Могорче и селата од Мала Река.

Локланите власти во трите дебарски општини презедоа активности за чистење на улиците и тротоарите.

Поради снегот, во првата смена има незначително отсуство од настава на учениците од пониските одделенија.

Новиот снег поволно ќе влијае врз дотекот на реките и акумулацијата „Дебарско Езеро“. Снег во овој крај имаше и лани на 16 април. 

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега