Осветлена клучката на влезот во Куманово

 

Јавното претпријатие за државни патишта, во рамки на владините политики за зголемување на безбедноста на сообраќајот постави осветлување на надпатникот и среднишниот дел на клучката на влезот во Куманово.

Во должина од 600 метри поставени се 12 двокраки канделабри со висина од 12 метри како и четири рефлектори под надпатникот. Осветлувањето е изведено со систем на намалување на потрошувачката на електрична енергија (димирање) на сите светилки со намалување на влезниот напон, информираат од претпријатието.

Инвестицијата за изведување на осветлувањето е во вредност од 3 милиони денари.

Осветлувањето од вчера е пуштено во функција.

 

 

Оцени ја веста

04.04.2015 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега