Нови случаи на заболени од туларемија - будно се следи состојбата

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден со лабораториски наод во Институтот за јавно здравје потврдени се три нови случаи на лица заболени од туларемија.
Лицата се во добра општа состојба и по извршените амбулантски прегледи се пуштени на домашно лекување. Кај трите лица утврдено е дека инфекцијата настанала пред неколку недели.
-Трите лица се од подрачјето на Скопје, од кои едно од општина Чаир, а две лица од општина Арачиново, и сите припаѓаат на возрасната група од 19 - 37 години.
Инаку, досега регистрирани се вкупно 28 лица заболени од туларемија, меѓу кои во општина Арачиново – 9 случаи, општина Лозово – 12 случаи, општина Чаир – 1 случај, општина Кисела Вода – 1 случај, општина Свети Николе – 2 случаи, општина Куманово – 3 случаи, велат од министерството.
Министерството за здравство и надлежните институции редовно ја следат состојбата и се преземаат сите потребни санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки и активности за превенција и сузбивање на ова заболување.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









