Заев денеска за прв пат ќе проговори пред обвинителите?

 

Опозицискиот лидер Зоран Заев најави дека денеска за прв пат ќе прозбори пред Обвинителството во случајот во кој се сомничи за поткуп од 200.000 евра. Опозицискиот лидер во 11 часот треба да дојде во Обвинителството каде што по презентацијата на доказите се очекува да ја даде својата одбрана.
Зоран Заев до сега се бранеше со молчење и даваше изјава ниту за овој, ниту пак за случајот Пуч во кој е осомничен за серија тешки кривични дела.
Во случајот со поткупот од 200.000 евра, Заев е осомничен дека од струмички бизнисмен побарал 200.000 евра поткуп за да легализира градежно изградено земјиште. Бизнисменот случајот го пријавил во полиција по што МВР добило налог за посебни истражни мерки со кои, како што тврдеше полицијата обезбедени се цврсти докази против лидерот на СДСМ

 

 

Оцени ја веста

03.04.2015 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега