Лазаров со Барселона поуспешен од Ла Риоха на Јоноски
Во дуелот на екипи за кои настапуваат македонските ракометни репрезентативци Кирил Лазаров и Ацо Јоноски поуспешна беше Барселона која ја совлада Ла Риоха со 35:29.
Натпреварот се одигра во Логроњо и беше во рамките на четвртфиналето од шпанскиот куп.
Лазаров во победата на својот тим придонесе со пет погодоци и беше втор стрелец, зад Никола Карабатиќ кој запиша осум реализации.
Јоноски имаше само дефанзивни задачи во Ла Риоха.
И на првиот меч од четвртфиналната пресметка славеше Барселона. На домашен терен забележа убедлива победа со 39:28.
Тимот на Лазаров противникот за полуфиналето ќе го добие во една од екипите на Хихон, Виља де Аранда и Гранољерс.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа