Катастарот отвора шалтер во Драчево

Во соработка со општина Кисела Вода, Агенцијата за катастар и недвижности денеска ќе отвори шалтер во населбата Драчево.
Преку трајниот шалтер на Агенцијата, жителите од овој регион ќе може да поднесуваат барања, ќе добиваат потребни документи и ќе имаат можност секојденвно да се консултираат со стручните лица од Катастарот во врска со нивните имоти.
На отворањето ќе присуствува директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ
Оцени ја веста
31.03.2015 - 09:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









