Груевски: Македонија е многу повеќе од конструирани прес конференции на опозициската партија, Македонија е народот

 

Трета недела по ред ВМРО-ДПМНЕ оддржува голем народен собир. Владејачката партија започна во Скопје пред две недели, минатата недела беше во Битола, а денес одржува голем собир со граѓаните во Штип.

Премиерот Никола Груевски пред илјадниците граѓани во спортската сала "Јордан Мијалков" во Штип испрати моќни дефиниции за вистината во македонската политика.

-Одиме на вакви собири, а во меѓувреме нашите партиски структури и истакнати личности ја крстосуваат Македонија, одат од врата на врата, од село во село, од град во град, одат со нашите аргументи, со нашите позиции, со нашите идеи и визии, со нашите дела, со нашата вистина, затоа што вистината не е монопол на еден залутан тип во политиката како што е тој од СДСМ, туку вистината се идеите, принципите, вредностите во кои веруваш и за кои се бориш. Вистината не може да е креирана и базирана на лаги, местенки и монтажи, сценарио кое за нарачателите има цел дестабилзиација,  а за извшителите да се доберат до власт која народот на избори одбива да им ја даде веќе 9 години. Вистината, не е ако некој на сила сака да спроведе туѓа агенда и да сее зла крв, провокации, гнев насекаде. Тоа може да  е само вистина за неговата личност и состојба на дух и ништо друго, и ништо повеќе. Вистината е во нашиот народ. Во сите вас, кои во огромен број доаѓате на нашите настани, кои од секаде ширум нашата татковина ни ја давате вашата поддршка и ни велите гласно и стамено: Народот е Македонија! И ова нема да им успее на оние кои го смислија, народот го има крајниот збор, а не група на залутани и очајни политичари во опозицијата, кои немаат ронка доблест во себе туку газат по сопствената земја и народ! Македонија е на народот и никој нема им ја одземе на сила, со никакви сценарија, рече Груевски.

Македонскиот премиер потенцира дека Македонија е силна, цврста, Македонија е многу повеќе од конструирани прес-конференции на една опозициска партија, Македонија е повеќе од партиите, повеќе од политичарите, Македонија е нејзиниот народ и никој не смее да си игра со тоа! 

 

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега