Ученичките автобуси технички неисправни
Кумановските полициски службеници, денеска извршија контрола на 42 автобуси, кои вршат јавен превоз на ученици и 30 такси возила. По извршената контрола во станицата за технички преглед, стручните лица констатирале дека 16 автобуси и шест такси возила биле технички неисправни.
Од страна на полициските службеници констатирано е дека на лице место во три автобуси имало повеќе патници – ученици од бројот на седиштата и определените места за стоење, изјави денеска Валентина Николовска од СВР Куманово.
При извршената контрола биле констатирани и 16 други прекршоци.
-
Контролирани се сите автобуси кои вршат превоз на ученици, рече Николовска.
-
На денешната прес – конференција, Николовска потенцираше дека МВР подготвува годишни планови за спроведување на републички акциски контроли на целата територија на држава со цел да се утврди безбедноста во јавниот превоз на патниците.
-
МВР, рече дека Николовска, презема мерки и активности за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а особено за најмладите учесници – учениците. За таа цел, вели Николовска, уште од најмала возраст се вклучени во повеќе проекти преку кои учат за почитување на сообраќајните правила и прописи, за безбедноста како пешаци и учесници во јавниот превоз кои секојдневно го користат до училиштата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









