Народот дава поддршка за реални проекти и позитивни мерки

Додека СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев рушат и работат против интересите на народот, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски создаваат позитивни мерки за граѓаните. Мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните во Македонија, реални проекти, но и мерки кои го решаваат еден од најгорливите проблеми, невработеноста.
Премиерот Груевски на народниот собир кој се одржа во саботата во Битола презентираше низа нови мерки кои ќе отворат нови работни места, а ќе ги охрабрат и работодавачите за нови вработувања.
Претседателот на организацијата на работодавачи Ангел Димитров смета дека сите тие активни политики за вработување досега даваа резултати, а средствата искористени за стимулирање на невработеноста се најпаметно и најдобро искористени средства од буџетот на Република Македонија
-Новите нјавени мерки се подобрување во однос на тоа досега што беше. Не само зголемувањето од 29 на 35 години, најавено и зголемување на периодот на ослободување од придонеси од една година на три години, а додека за одредени категории како што се лица кои се под Агенција за вработување повеќе од 10 години тоа ќе биде и до пет години. За нас како работодавачи тоа е многу важна работа и мислам на тој начин ќе се стимулира вработувањето кај оние работодавачи кои повеќе од страв не биле храбри да вработат поголем број на работници. Сигурно дека на овој начин бројот на новите вработени во оваа година ќе биде далеку повеќе отколку оној што беше во 2014 година, вели во изјава за Курир Димитров.
Тој смета дека новите мерки ќе ги охрабрат компаниите за нови вработувања.
-Особено поновите компании кои имаат побрз раст на вработувањето нема да биде никаков проблем затоа што таму кај останатите компании единствен проблем се јавуваше да не се намали бројот на работниците по кој било основ освен по основ на пензионирање. Ако работниците самоволно ја напуштија компанијата, работодавачот беше должен на негово место да вработи друг. Но за брзорастечките компании ова навистина ќе биде големо олеснување и три до пет години ослободување од придонеси, тоа е една навистина голема стимулација за таквите компании, вели за Курир претседателот на организацијата на работодавачи.

Новите мерки поздравени со воодешевување од граѓаните
Како што најави Груевски во Битола досегашната мерка која важеше за вработување на млади до 29 години, отсега ќе важи за лица до 35 годишна возраст.
- Новата мерка нема да биде само за млади до 29 години туку отсега ќе биде до 35 години и нема да биде една плус една година, туку три години ослободување од данок на доход и придобивка со обврска да бидат задржани најмалку уште една година, истакна Груевски.
За оние од 35 до 50 годишна возраст како што најави Груевски, но за оние коишто 10 години се без работа, се предвидува, ако некој ги вработи во првите 5 години да биде ослободен од плаќање на придонесите со обврска да ги задржи уште една година. За оние над 50 години независно дали биле или не биле вработени во минатото, доколку некој ги вработи ќе биде целосно ослободен од плаќање придонеси во период од 5 години без никакви обврски по истекот на тие 5 години. Мерки за вработување се предвидуваат и за лицата над 58 годишна возраст, кои досега не биле вработени.
- За нив ако некој ги вработи се предвидува до нивното пензионирање да биде ослободен од плаќање придонеси, а нив ќе ги покрие Владата на РМ, истакна Груевски.
Последнта група која ќе биде опфатена со овие мерки се ранливата категорија на граѓани, односно самохрани родители и еднородителски семејства, семејства со три или повеќе деца, приматели на социјална помош, професионални војници кои веќе не работат, деца без родители и родителска грижа, лица со инвалидитет и родители на деца со посебни потреби.За оваа категорија на граѓани, појасни Груевски, се предвидува ослободување од плаќање придонеси во период од 5 години, без никаква обврска за работодавачот потоа.

Реални проекти за подобар живот
Невработеноста дополнително ќе се намалува и со отворањето на новите фабрики. Во Битола се очекува да бидат отворени 750 нови работни места.
Американска компанија котирана на Њујоршката берза од областа на outsourcing на бизнис услуги потпишала договор со Владата за отворање на своја компанија во Македонија, во Скопје и Битола. Со проектот се планираат 2000 вработувања, од кои најмалку 500 во канцеларијата во Битола. Името на компанијата ќе се објави кога таа ќе одлучи.
Турска компанија ќе гради погон за производство на земјоделска механизација во индустриската зона Жабени каде во три години се планирани вработување на 150 лица.Во Кравари, битолско, се планира инвестиција во најсовремена фабрика за производство на чипс во регионот која ќе извезува во цела Европа и ќе обезбеди вработувања на над 100 лица. Купена е парцелата, фабриката ќе започне со производство во текот на годината.
Владата ја обезбеди финансиската конструкција за операционализација и модернизација на пругата од Битола до Кременица. Се очекува во април или мај 2015 да се отпочне со градежни активности, а проектот да се реализира во рок од 18 месеци. Обезбедени се средствата за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничката станица во Битола. Груевски најави дека летово ќе започне градба на патот кон Скопје на најлошиот потег од Прилеп до Росоман кој ќе се направи во експресен пат од 4 ленти. Тоа ќе поголема безбедност, брзина и комодитет на патување.
Премиерот нагласи дека стојат зад земјоделците во Македонија и ќе им помогнат на оние кои во невремето беа најтешко погодени, соосбено во битолско каде беа најголемите поплави.
Веќе правиме големи подготовки за сериозна помош и обештетување на граѓаните чии земјишта и имот беа поплавени и разработуваме варијанти за истите да бидат високо обештетени во најкраток можен рок. При крај е Извештајот за штетите од поплавите кој го работат Комисија од централната власт, општинските комисии и експерти од Светска банка. Истиот ќе ни биде предаден во конечна верзија за околу една недела од сега, потенцираше Груевски на народниот собир кој се одржа во Битола во саботата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








