Изберете лого за Државната кардиохирургија

 

По повод една година од првата операција во Државната кардиохирургија, Министерството за здравство бара лого за новата клиника.

Објавен е конкурс за избор на идејно ликовно и графичко решение, пишуваЗдравство24.

Конкурсот е јавен и анонимен и на него можат да учествуваат ликовни уметници, дизајнери и останати државјани на Република Македонија.

Министерството за здравство го спроведува конкурсот како посебна постапка со доделување на награди и тоа согласно член 105 од Законот за јавните набавки.

Конкурсните трудови можат да се достават најдоцна 35 дена од објавување на огласот. Сите заинтересирани документацијата можат да ја преземат од веб страната на бирото за јавни набавки (e-nabavki.gov.mk)

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега