ВМРО-ДПМНЕ: Заев се поочигледно покажува дека се наоѓа во политички хаос

Зоран Заев се поочигледно покажува дека се наоѓа во политички хаос, притиснат од големите најави и чукање во гради од една страна и нереализираните ветувања и ефекти кажани пред неговото членство од другата страна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на владејачката партија
Дополнително, Зоран Заев е оптоварен со истражните постапки што се водат против него за криминално и незаконско однесување па продолжува да одработува за туѓите интереси и се надева дека од ова каша во која сам влезе со противзаконски дејства, некој друг ќе го спасува. Покрај тоа Зоран Заев мисли дека тоа што тој самиот е во каша е оправдувавање да ги вовлече сите други со себе, целата своја партија, па и целата држава.
Toj продолжува да и наштетува на државата и тоа го прави свесно, само за да се обиде да им го намали значењето на своите криминални и незаконски постапувања.
Конструкции и монтажи нема да го спасат Зоран Заев од самиот себе и од своите криминали.
Сакаме да ја потсетиме јавноста на денот кога во Собранието на Република Македонија по партиски список од кадровските комисии на СДСМ беа избрани 617 судии и уште стотина јавни обвинители. Да потсетиме само на Ленче Софрониевска, фамилијата Медарски, мајката на Каролина Астеруд, Дане Илиев, Бранко Наумовски, Лилјана Ингилизова и уште многу други што беа бирани заради тоа што беа сопруги, деца, кумови, родители, бизнис партнери и партиски членови на СДСМ. Истите тие судии од СДСМ го водеа процесот на приватизации и стечаи на стотици фирми при што 200 000 луѓе останаа без своите работните места.
Креираните снимки на Зоран Заев никако нема да го покријат она што сите граѓани го знаат и го паметат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









