ЕВН со признание за долгогодишна поддршка на Црвениот Крст

Како претставник од бизнис секторот што има дадено значаен придонес за унапредување на општеството, ЕВН Македонија беше наградена со јубилејна плакета по повод одбележување на 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија. ЕВН Македонија е долгогодишен партнер на Црвениот крст и досега реализирани се повеќе проекти од областа на општествената одговорност, особено во доменот на грижата за старите лица, развој на загрозени локални заедници и активности за поддршка на социјално загорозените деца.
Јубилејната плакета ја прими г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









