ФОТО: Пензионерите се запознаа со вредното археолошко богатство на Македонија

 

Пензионерите од Скопје заедно со министерката за култура денеска го посетија Археолошкиот музеј на Македонија и се запознаа со вредните и оригинални артефакти, кои во Музејот се претставени на неколку нивоа почнувајќи од праисторијата па се до средниот век.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска нагласи дека од отворањето до сега Археолошкиот музеј на Македонија го посетиле над 15.000 посетители.

-Самата зборка на археолошки богатства ќе се надополнува од година в година врз основа на сите оние археолошки локалитети што се истражуваат, така да сите предмети коишто ќе бидат истражени по нивната конзервација се разбира дека ќе бидат сместени во Археолошкиот музеј, истакна таа, додавајќи дека сите културни институции се отворени за пензионерите.

Мерката за попуст од 50 отсто на влезниците за пензионерите , потсети министерката,  навистина е искористена од страна на пензионерите.

-Со Министерството за култура во изминативе 4 години навистина соработувавме на нјвисоко ниво се во интерес на пензионерите. Она што дененска го видовме е навистина нешто за паметење, истакна претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите Драги Аргировски.

Посетата на Арехолошкиот музеј на Македонија беше реализирана по инцијатива на панезионерите, а барање за посета на Музејот има и од здруженијата на пензионери од Битола, Велес, Прилеп, Охрид, Гевгелија, Штип и од многу други градови низ државата. Ваква посета од идниот месец ќе биде организирана за сите пензионери од внатрешноста на Македонија.

-Се она што го видовме навистина заслужува респек и човек не траба само еднаш да го види, туку треба и повеќепати да го посети  Музејот како и другите културни институции чии врати се широко отворени за пензионерите, додаде Аргировски.

Во Археолошкиот музеј на Македонија се изложени над 8.000 артефакти, но бројката како што нагласи директорката на Музејот не е конечна, со текот на археолошките ископувања коишто се дел од капиталните владини проекти, сите предмети по процесот на конзервација ќе бидат изложени во новата поставка на музејот.

Инаку, влезницата за во Арехолошкиот Музеј чини 100 денари за возрасни лица, 50 отсто попуст имаат пензионерите и студентите, додека за странските туристи велзот чини 300 денари.

 

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега