Социјалната помош годинава ќе се зголеми за 10 проценти

Зголемувањето на социјалната помош за десет, наместо планираните пет проценти за годинава е показател за определбата на Владата за постојана помош и поддршка на најранливата категорија граѓани. Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов по посетата на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“
- Изминатите години, односно од 2006 до 2014 година, социјалната парична помош е зголемена за цели 47 проценти, меѓутоа, сепак, не застануваме тука. И покрај тоа што во Програмата на Владата е определено дека и социјалната и постојаната парична помош оваа година треба да се зголеми пет проценти се одлучивме таа да се зголеми за 10 проценти и да започне со исплата во јули годинава, рече министерот за труд и социјална политика.
Тоа, потенцира Спасов, е дополнително значително зголемување или за околу 12 месеци овие наши сограѓани, околу 30.000 приматели на социјална парична помош и околу 5.300 приматели на постојана парична помош, ќе добијат значително поголем износ на средства, односно за 12 месеци околу 145 милиони денари ќе бидат одвоени дополнително за зголемување на ова право.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









