Незири на поставувањето камен-темелник за гасоводот ТАНАП

 

Министерот за економија Беким Незири денеска присуствуваше на свечената церемонија за поставување камен-темелник за изградба на транс-анатолскиот гасовод за природен гас ТАНАП, во провинцијата Карс во близина на турско-грузиската граница.

На церемонијата, која се оддржа под покровителство на претстедателите на Турција, Грузија и Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган, Георги Марквелашвили и Илхам Алијев, Незири имаше средба со турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз, на чија покана присустуваше на настанот. Со него разговараше за можноста во иднина и Македонија да се приклучи во проектот, кој е многу значаен за целиот регион.

- Република Македонија останува отворена за соработка со земјите од регионот и пошироко за сите понудени решенија за изградба на гасоводни интерконекции, имајќи ги во предвид критериумите за обезбедување на доволни количини природен гас, континуитет во снабдувањето и пониска понудена цена на природен гас, изјави Незири.

Тој посочи дека постојат неколку можности за интерконективно поврзување на гасификацискиот систем на Република Македонија со гасоводите кои транзитираат низ територијата на Турција.

- Гасоводот ТАНАП кој оди до Грција, а потоа на него се надоврзува Трансјадранскиот гасовод ТАП што поминува од Грција во Албанија и под Јадранско море оди во Италија, претставува добра можност за поврзувањето на гасификацискиот систем на Република Македонија, рече Незири и прецизира дека поврзувањето може да се направи кај Гевгелија или, пак, кај Битола со должина на кракот од околу 60 километри.

Проектот ТАНАП е потпишан помеѓу Турција и Азербејџан и се предвидува да биде пуштен во работа 2019 година. Преку него ќе пренесува гас од Азербејџан од наоѓалиштето Шах-Дениз. 

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега