Додовска: СДСМ ги остави граѓаните на улица

Двете политички опции во Македонија воопшто не можат да се споредат. Едните го создаваат и почитуваат правниот поредок, а другите секојдневно истиот го рушат.
Ова го истакна универзитетската професорка Иванка Додовска во отвореното студио на Сител пред вчерашниот масовен собир на ВМРО-ДПМНЕ.
-Она што прави дистинкција меѓу актуелното и минатото раководство на СДСМ и оваа владејачка гарнитура, разликата е во третманот кон правната држава и третманот на граѓаните. СДСМ имаше мошне комфорна улога. Тие имаа можност да се докажат, а граѓаните во нивно време останаа на улица, се затворија индустриските фактори во земјава. Тоа беа политички одлуки на раководството на СДСМ. Од 2006-та до денес, ВМРО-ДПМНЕ се постави во позиција да решаваат туѓи проблеми и да се соочуваат со предизвиците на дневно политичка основа и меѓународен план. Некогаш има и грешки, но не може да се направи споредба меѓу двете политички опции во Македонија, истакна Додовска.
Таа апелира до македонските граѓани дека ова што го прави СДСМ е кршење на правниот поредок на државата, истакнувајќи дека тие емитуваат приватни пораки добиени на нелегален начин.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








