Во Радовиш отворен ден за државниот станбен и деловен простор

 

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката денеска во Радовиш организира отворен ден со граѓаните.

На средбите со жителите на Радовиш ќе присуствува директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор Цветко Грозданов.

Граѓаните ќе може да се информираат за сите прашања за откуп на општествени станови согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за домување“ и за останатите проекти во акционерското друштво и евентуалните проблеми.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега