Заев повторно лаже: Со непријавувањето ги потврди сомнежите за поткуп

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по којзнае кој пат е фатен во лага. Вистината излегува на виделина и ги побива сите негови тврдења, па уште еднаш и предочува на јавноста со каков човек си има работа.

Струмичкиот градоначалник во вторникот пред своите симпатизери во Универзалната сала тврдеше дека бил местен и дека му бил нуден поткуп од струмички бизнисмен, но се до вчера (четврток) тој овој случај не го пријавил во полиција. Тој излажа дека таква пријава поднел во неделата, а тоа всушност го направил дури денес.

-Вчера со секретарот на општина Струмица, со шефот на кабинет на градоначалникот на општина Струмица, го направивме записникот, го пријавивме и архивиравме предметот, истакна Заев во вторникот.

Струмичкиот бизнисмен кој барал приватизација на градежно изградено земјиште пријавил дека Зоран Заев му побарал 200.000 евра поткуп уште на 20-ти декември 2013-та или пред речиси година и половина. За разлика од него, Заев  ваквиот случај во полиција го пријавува една ипол година подоцна од бизнисменот и дури 5 дена подоцна откако ја излажа јавноста дека навистина го сторил тоа.

Медиумите вчера објавија дека Заев нема поднесено никаква пријава обелоденувајќи уште една негова лага. Можеби под нивни притисок и соочен дека фактите постојано го побиваат, Заев пријавата ја поднесува денес.

Со лажењето, Заев само ги потврди основите за сомнеж за кои веќе му е поднесена кривична пријава.

Во меѓувреме интензивно трае истрагата за корупцискиот скандал. Оштетениот бизнисмен и влера дал исказ пред надлежните истражни органи.

Прво Заев лажеше дека не го познава Верушевски, па призна дека не само што се познаваат, туку имале и многу блиска соработка. Молчеше за писмото кое тој му го испратил на екс-разузнавачот, па ја призна целата содржина и ја прогласи за веродостојна. Згора на се, откако преќуте дека се познаваат, призна дека одржале и неколку средби. Јавноста ја излажа и дека немал средба со Груевски, па јавноста виде дека лидерите на најголемите партии имале неколку средби. Заев излажа и дека преку странски служби договарал работна виза за Верушевски, а дека нешто не е во ред потврдија и неговите понатамошни признанија. Иако Заев сакаше да го претстави својот соработник Верушевски како патриот, тој призна дека овој човек морал итно да ја напушти државата. За сите е јасно дека човек кој не го прекршил законот нема потреба да бега.

Лагите на Заев очигледно немаат крај. Секој ден тој се соочува со крахот на “бомбите“, а со своите контрадикторни изјави и лаги во кои беше фатен жив, се повеќе станува јасно зошто македонските граѓани немаат доверба во овој политичар, односно според последната анкета на Републиканскиот институт ИРИ истата изнесува само 3 отсто, или шест пати помалку од рејтингот на премиерот Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега